Барса без тројца фудбалери пред „Ел Класико“

Тројца фудбалери на Барселона нема да му бидат на располагање на тренерот Роналд Куман за шпанското фудбалско дерби против Реал Мадрид в недела.

Играчот од средниот ред Педри, крилниот напаѓач Осман Дембеле и дефанзивецот Роналд Араухо се опоравуваат од повредите и нема да бидат подготвени за Ел Класико, пишуваат шпанските медиуми.

Натпреварот на „Камп Ноу“ е на 24 октомври и започнува во 16.15 часот. Во моментов, Реал Мадрид е втор на табелата во Примера со 17 бода, но со натпревар помалку.

Лидер е Реал Сосиедад со 20 бода. Барселона, пак, го зазема седмото место на табелата со 15 бодови, а исто така има еден натпревар помалку.