Барса го потврди трансферот на Адејеми

Она што се најавуваше со денови, конечно денес е потврдено. Германскиот фудбалер Карим Адејеми потпиша за Барселона.
Напаѓачот се приклучува на каталонскиот тим од Борусија Дортмунд, кој ќе добие вкупно 29 милиони евра од трансферот и ќе има процент од следната продажба. Адејеми ќе го засили веќе силниот напад на Барселона, може да игра на сите напаѓачки позиции, а првенствено игра како крилен играч.
Германецот потпиша петгодишен договор со каталонскиот гигант и беше претставен на навистина феноменален начин. 24-годишникот ги помина изминатите четири години во Дортмунд. Во 146 настапи, постигна 36 гола и имаше 25 асистенции.
Претходно играше за Салцбург и Лиферинг, а беше член на Унтерхахинг, каде што помина низ младинските селекции. Тој има 11 настапи и еден гол за германската репрезентација, но не беше на Светското првенство.