Барселона го посакува Аспиликуета од Челзи

Екипата на Барселона пројавува интерес за капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета.

Шпанскиот интернационалец е едно од имињата во списокот на Барса кој може да пристигне на Ноу Камп како слободен играч.

Аспиликуета кој игра на позицијата десен бек ја игра последната сезона од договорот со Челзи и во моментот нема намера да го продолжи истиот. Од Барселона се со мислење дека тој би бил одлично засилување за екипата со оглед на неговото огромно играчко искуство и можноста да игра на неколку различни позиции во тимот.