Барселона му ја посвети победата во Киев на Агуеро

Екипата на Барселона го совлада Динамо во Киев со 0:1, во натпревар од 4.коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Стрелец на победоносниот гол за Барса беше младиот Ансу Фати во 70. минута од средбата. 

“Многу важна победа. Му ја посветуваме на Серхио Агуеро, сите во клубот се надеваат дека тој побрзо ќе закрепне. Треба да бидеме среќни со она што го направивме на овој натпревар, бидејќи воопшто не беше лесно”, изјави после натпреварот привремениот тренер на Барселона – Сержи Бархуан“.

„Сите беа свесни колку е важно да се добие овој натпревар. Изразите на лицата на играчите во соблекувалната кажуваа се. Не знам дали ќе го водам тимот на следниот натпревар“, додаде Сержи.