Брансон пред потпис за нов договор со Њујорк

Брансон пред потпис за нов договор со Њујорк
Првиот играч на шампионот во НБА лигата Њујорк Никс, Џејлен Брансон можно е следната година да потпише нов максимален договор вреден 300 милиони долари. Брансон претходната година се договори со клубот и потпиша финансиски поскромен договор за му помогне на клубот да формираат шампионски тим.
Прогнозите се дека следната година ќе добие меѓу 280 или 300 милиони долари. Брансон во јули 2024 година потпиша четиригодишен договор за 156,5 милиони долари и сега може да добие петгодишен договор вреден 269 милиони долари.
Брансон ланската сезона забележа просек од 26 поени и 6,8 асистенции на 74 натпревари, а во плејофот постигна 539 поени и беше најефикасен играч со просек од 32,6 поени. Брансон заслужено го доби и признанието МВП на финалето.
За Њујорк ова беше прва титула по 1973 година.