Бруно Фернандез добива нов договор и двојно поголема плата во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед започна преговори со агентот на Бруно Фернандеш за продолжување на договорот, пренесуваат медиумите на Островот.

27- годишниот играч за врска би требало да инкасира околу 220.000 евра неделно. Во овој момент неговите примања се 110.000 евра, па е еден од најмалку платените фудбалери на „Олд Трафорд“.

Фернандеш дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон пред точно две години за 55 милиони евра, и се етаблираше во клучен фудбалер на „црвените ѓаволи“.