Вардарци добија ветување за висока премија ако ја елиминираат Рига

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе подели премија од 100.000 евра, доколку тимот успее да ја мине екипата на Рига во 2. коло од Конференциската лига на УЕФА. Ова е дополнителна мотивација за играчите и стручниот штаб, во очекување на двомечот со летонскиот шампион.
Македонскиот првак утре на домашен терен го пречекува тимот на Рига во првиот меч од оваа фаза, а реваншот за една недела ќе се одигра во Летонија.