Винициус Жуниор: Ова е најважниот натпревар во мојата кариера

21-годишниот Бразилец утре со Реал Мадрид ќе го одигра своето прво финале во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб во Париз ќе игра против англискиот великан Ливерпул.

„Замислував дека еден ден тоа може да се случи, но не очекував дека ќе се случи толку брзо. Работев многу напорно за овој момент, и сум многу среќен. Ова е најважниот натпревар во мојата кариера. Не е лесно да се дојде толку млад во клуб како Реал Мадрид, и да имаш шанса да играш во финалето од Лигата на шампионите. Се надевам дека ова ќе биде мое прво финале од многуте што ќе следат“, изјави Винициус.