Вини го спаси Бразил од пораз во дуелот против Мароко

Бразил одигра 1-1 против Мароко на стартот од Светското првенство, тимот на Карло Анчелоти мора да покаже многу повеќе доколку сака остане долго на Мундијалот.
Мароканците одлично го почнаа натпреварот, во воведните минути имаа доминација на теренот која резултираше со гол на Саибари во 21. минута.
Десет минути подоцна се истакна индивидуалниот квалитет во составот на Бразил. Во 32. минута Винисиус по еден одличен соло продор биеше прецизно за израмнување на 1-1.
Бразил се обидуваше да постигне втор гол и да направи пресврт, но во последните моменти од натпреварот Алисон со одлична интервенција спречи пораз за Бразилците.