Втор медал за Македонија на Универзитетското СП во карате

Младиот каратист на Макпетрол Вукашин Јовановиќ во категоријата до (-67кг), обезбеди пласман во големото финале на универзитетското светско првенство во Бразилија и стигна најмалку до сребрен медал, откако во полуфиналната борба оствари импресивна победа над еден од фаворитите во категоријата, натпреварувач од Иран.

Со овој резултат Јовановиќ ќе се бори за златниот медал, а воедно го обезбеди и второто одличје за Македонија на шампионатот, по успехот остварен на првиот натпреварувачки ден од Стефан Стојановиќ.