Гркот Карецас е замената за Адејеми во Дортмунд

Трансферот на Константинос Карецас во Борусија Дортмунд е официјализиран. Германскиот клуб постигна конечен договор со белгискиот Генк за 19-годишниот офанзивен играч за врска, кој ќе стане нов играч на хрватскиот тренер Нико Ковач. Управата на Борусија двапати патуваше во Белгија за да ги забрза преговорите, а конечниот договор беше постигнат откако клубот ја зголеми понудата.

Спортскиот директор Оле Бак остана во Европа за лично да го заврши трансферот, бидејќи тимот веќе замина на подготвителна турнеја во Јапонија. Карецас ги договори личните услови со Борусија и е задоволен од планот за развој што му беше претставен. Тој ќе потпише петгодишен договор, а Генк, со вклучени бонуси, ќе заработи над 35 милиони евра.

Карецас е роден во Генк и има грчко потекло. Пораснал во академијата на Генк, а кратко време поминал и во помладите категории на Андерлехт. На почетокот на 2024 година се приклучи на првиот тим на Генк.