Дани Алвеш се нуди пак да го облече дресот на Барселона

Дани Алвеш се понуди на каталонскиот тим повторно да го облече дресот на Барселона, јавуваат каталонските медиуми. Бразилецот во моментов е без клуб, а како што вели парите нема да бидат проблем, со оглед на тешката финансиска состојба на клубот.

„Ако Барселона смета дека сум им потребен, се што треба да направат е да ми се јават. Сметам дека можам да им помогнам“, вели Алвеш.

38-годишниот Дани Алвеш го носеше дресот на Барселона од 2008-ма до 2016-та година, освои се шт  можеше да се освои и прерасна во легенда на клубот.