Дани Алвеш ќе заработува 155.000 евра годишно во Барса

Позната е платата која ќе ја добива бразилскиот дефанзивец кој се врати во Барселона Дани Алвеш. Каталонскиот клуб ќе му плаќа на 38-годишниот фудбалер 155.000 евра годишно – ова е минималната плата што може да му биде исплатена на фудбалер од Ла Лига, информира „Марка“.

Според изворот, на ваквата ниска плата на Алвеш влијаела ситуацијата во Барселона. Ќе потсетиме, во септември Алвеш го напушти бразилскиот Сао Паоло. Фудбалерот во неколку наврати изјави дека е подготвен да и помогне на Барселона во тешка ситуација.

Алвеш играше за Каталонците од 2008 до 2016 година и најсветлите години од својата фудбалска кариера ги помина во таборот на Барселона. Алвеш потпиша договор со Барселона до крајот на оваа сезона. Тој веќе се приклучи на тимот, но Каталонците ќе можат да го пријават дури од почетокот на 2022 година.