Дезире Дуе ја освои наградата Златно Момче за 2025 година

Frontview of Desire Doue doing the cold celebration in a PSG shirt

Младиот ас на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче 2025“, признание што италијанскиот весник „Tuttosport“ го доделува на најдобриот млад играч во Европа. Церемонијата ќе се одржи на 1 декември во Торино, каде што 20-годишниот Французин лично ќе го прими трофејот.

Минатата сезона Дуе имаше импресивен настап, постигна 16 голови и забележа исто толку асистенции на 61 натпревар. Круна на неговата форма беше финалето на Лигата на шампионите, во кое ПСЖ го совлада Интер со убедливи 5:0. Дуе блесна со 2 гола и 1 асистенција, придонесувајќи клубот да стигне до нивниот прв требл.

Моментално, младиот талент закрепнува од повреда на бутниот мускул здобиена во натпревар во домашното првенство. Од ПСЖ очекуваат тој да се врати на терените до крајот на годината или на почетокот на 2026. И покрај оваа пауза, фудбалската јавност во Франција и Европа е уверена дека Дуе има потенцијал да го следи патот на легенди како Килијан Мбапе, кои исто така ја освоиле оваа награда.