Деклан Рајс е можниот наследник на Фернандињо во Манчестер Сити

Шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити е заинтересиран ова лето да го доведе во своите редови 22-годишниот Деклан Рајс, во кого гледа долгорочна замена за бразилецот Фернандињо.

Според информациите од Англија, Сити бил многу блиску со испраќање на понуда до Вест Хем минатата сезона, но паднала одлука да му се понуди нов едногодишен договор на ветеранот Фернандињо.

Челзи и Манчестер Јунајтед се другите две екипи кои ќе водат битка со Сити за потписот на англискиот репрезентативец кој од Вест Хем е проценет на 100 милиони фунти.