Дембеле одбива нов договор со Барселона

Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесуваат каталонските медиуми. Дембеле има договор со клубот до крајот на сезоната и во два наврати ја одби понудата од раководството за продолжување на соработката.

Агентите на Французинот не се задоволни од понудата и му порачале на раководството дека Дембеле има потенцијал да ја освои „Златната топка“, па сакаат повисока плата.

Барселона е загрижена поради фактот дека може да го загуби Дембеле без обештетување, па доколку играчот не стави потпис на нов договор наскоро може да биде продаден во јануари.

Дембеле во Барселона пристигна во 2017 година за 115 милиони евра и од тогаш одигра 121 натпревар на кои постигна 30 гола.