Дејвис куп: Македонските тенисери ги очекуваат неизвесни мечеви против Молдавија

Македонските тенисери во обидот да се вратат во Втората Светска група од Дејвис купот денеска (среда) во првото коло од групата Б играат со домаќинот на натпреварувањето од Третата Европска група – Молдавија. Оваа репрезентација е на 86.место на ранг листата, а ланската година остана без пласман откако во Скопје загуби од Македонија, Летонија и од Црна Гора.

За Македонија на натпреварите во Кишињев ќе настапат: Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Олег Приходко. Се играат два сингл меча и потоа еден меч во двојки. Почетокот на првиот меч каде играат второрангираните тенисери од тимовите е во 10 часот по локално време (9 часот по македонско време), а потоа следува мечот на прворангираните тенисери.

Во составот на Молдавија е повратникот во репрезентацијата Раду Албот (36 години), додека најголемиот товар како и во претходните години се очекува да го понесе Иља Снитари, 26-годишен тенисер кој настапува за Невада Универзитетот. Во составот е пријавен и најискусниот на ова натпреварување Андреј Горбан (42 години), кој го има 23 учество.

Македонија и Молдавија досега имаат одиграно осум мечеви, а скорот е 5:3 во победи за македонските тенисери. На ланскиот меч Македонија поведе со победата на Стефан Мицов против Андреј Горбан, додека Иља Снитари изедначи откако го совлада Калин Ивановски. Победникот беше решен во двојки кога Ивановски и Мицов по голема борба извојуваа победа која се покажа клучна за пласман во Втората Светска група од Дејвис купот.

2025 (Скопје): Македонија – Молдавија 2:1

2023 (Кипар): Македонија – Молдавија 0:3

2022 (Црна Гора): Македонија – Молдавија 1:2

2012 (Скопје): Македонија – Молдавија 2:1

2017 (Бугарија): Македонија – Молдавија 2:1

2003 (Летонија): Македонија – Молдавија 2:1

2000 (Мадагаскар): Македонија – Молдавија 1:2

1998 (Скопје): Македонија – Молдавија 2:1

Покрај мечот Македонија – Молдавија од Б групата се игра уште и мечот Грузија – Косово. Во А група денеска се играат мечевите: Република Ирска – Црна Гора и Азербејџан – Летонија.