Де Ла Фуенте: Се чувствуваме како фаворити на Мундијалот

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, зборуваше за шансите на тимот на Светското првенство во 2026 година.

„Дали се сметаме за поголеми фаворити од Франција, Бразил или Аргентина? Секако, но Аргентина е светски шампион, а ние го добивме финалето против Англија. И секој може да го добие финалето, па затоа сме способни да ги победиме и Англија и Холандија. Нивото е многу високо. Осум до десет екипи би можеле да победат: Португалија, екипи од Африка… Шпанија? Секако. Но, тоа не значи дека мора да победиме. Дури и да си посилен од противникот, можеш да изгубиш. Се чувствуваме силни, способни за многу. Да бидеш фаворит е добро, но фудбалот понекогаш носи изненадувања“, вели Де Лафуенте.

Шпанската репрезентација ќе игра во Групата Х на Светското првенство во фудбал во 2026 година со Зелено’ртските Острови, Саудиска Арабија и Уругвај.