Де Јонг летово заминува од „Камп Ноу“?

Според последните информации, тренерот на Барселона, Ханси Флик, не смета веќе на Френки де Јонг и овој фудбалер може да го напушти „Камп Ноу“ уште ова лето.

29-годишниот играч за врска се наоѓа пред заминување.

Наводно, односот меѓу Флик и Де Јонг целосно се нарушил, а германскиот стратег веќе го избришал од своите долгорочни планови.

Барселона со неговата продажба би ослободила значителен простор во буџетот за плати, но и би обезбедила дополнителни средства за нови засилувања, што е особено важно поради ограничувањата на финансискиот фер-плеј.

Според информациите, клупската управа веќе била известена дека Де Јонг не е дел од идните планови на Флик,