Добри вести за Реал: Хујсен, Мбапе и Камавинга подготвени за настап

Huijsen, Mbappe and Camavinga

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дин Хујсен, доби зелено светло од лекарите по прегледите направени во Мадрид, откако почувствува мускулен дискомфорт на последниот тренинг на репрезентацијата на Шпанија пред квалификацискиот дуел со Грузија. Шпанскиот стручен штаб веднаш го повлече од списокот како мерка на претпазливост, а дополнителните тестови потврдија дека нема сериозна повреда.

По враќањето во Мадрид, медицинската служба на клубот започна стандардна процедура со физиотерапија за да се ублажи заморот. Хујсен ќе тренира индивидуално уште неколку дена, по што е планирано приклучување кон екипните тренинзи. Доколку сè продолжи според планот, младиот дефанзивец ќе биде подготвен за претстојниот натпревар против Елче на 23 ноември.

Покрај Хујсен, зелено светло добија и Килијан Мбапе и Едуардо Камавинга, кои се вратија од обврските со Франција. Мбапе се соочуваше со воспаление на глуждот, додека Камавинга чувствуваше затегнување во задната ложа, но двајцата се рехабилитирани и подготвени за натпревар.