Емери на чекор до клупата на Њукасл?

Неодамна Њукасл го отпушти Стив Брус, а од тогаш клубот и понатаму е без менаџер, меѓутоа сега од Островот се тврди дека новите сопственици го избрале новиот предводник. Според последните информации, Унаи Емери ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на англискиот премиерлигаш. Во овој момент Емери го води Виљареал, а наводно шпанскиот клуб се согласил да го пушти Емери за шест милиони евра оштета.

За Емери евентуалното преземање на Њукасл би било враќање во Премиер лигата каде што го водеше Арсенал со кој не се прослави.

Амбициите на Њукасл со новите сопственции се големи, меѓутоа првата задача на новиот стратег ќе биде да избори опстанок во Премиер лигата. Во овој момент тимот се наоѓа на претпоследното место на табелата и после 11 кола со четири освоени бодови и се уште чека на првата победа.