Ендрик: Анчелоти е беспрекорен во својата работа

19-годишниот репрезентативец на Бразил, Ендрик, верува дека селекторот, Карло Анчелоти, секогаш размислува за доброто на тимот и дека никој нема привилегии да игра од првата минута.
„Тој нема да го прави тоа што е најдобро за мене, туку тоа што е најдобро за тимот. Не се плаши да донесува тешки одлуки, го прави тоа што мисли дека е коректно и работите се случуваат. Како Бог да го гледа“ – рече Ендрик.
„Кога тренерот ќе ми каже да направам нешто, нема да се осврнам назад, само ќе го правам тоа што тој го сака“ – додаде бразилскиот фудбалер кој имаше скромна минутажа на Мундијалот.