ЕУРО 2020 – 08. Русија одблиску

Советскиот сојуз е прв европски шампион во фудбал!

По распадот на Советскиот Сојуз тимот ја претставувал Заедницата на независни држави (формално име за екипата која што го претставувала непостоечкиот Советски Сојуз). ФИФА ја смета фудбалската репрезентација на Заедницата на независни држави (потоа фудбалска репрезентација на Русија) како наследник на Советскиот Сојуз и сите негови резултати.[1] Сепак, голем процент од играчите на некогашниот репрезентација доаѓале надвор од Руската СФСР, главно од Украинската ССР, и по распадот на СССР, некои играчи од поранешната Украинска ССР како што е Андреј Канчелскис продолжиле да играат во новоформираниот руска репрезентација.

Советскиот Сојуз само двапати не успеал да се квалификува на Светските првенства, во 1974 и 1978 година, а учествувал на вкупно седум завршни турнири. Најдобар резултат на Светските првенства за СССР било освојувањето на четвртото место во 1966, кога во полуфиналето изгубиле со резултат 2-1 од Западна Германија. Советскиот Сојуз пет пати учествувал на Европските првенства, а го освоиле во 1960 година кога во финалето ја совладале репрезентацијата на Југославија со резултат 2-1. Го освоиле второто место во три наврати (1964, 1972 и 1988) и еднаш завршиле на четвртото место (1968), каде што по нерешениот натпревар со Италија во полуфиналето, по фрлање на паричка биле испратени да одиграат меч за трето место (каде што изгубиле од Англија). Репрезентацијата на СССР исто така освоила и два златни медали на Летните олимписки игри (1956 и 1988 година) како и три бронзени медали (во 1972, 1976 и 1980).

Долго време собираа само симпатии наместо трофеи!

Многумина мислат дека нашите повозрасни пријатели, родители или познаници од секогаш навивале за бившиот Советски сојуз, сега Русија и Украина, Динамо Киев или Зенит само заради симпатиите кон земјата, заради православната вероисповест, заради други надворешни влијанија. Но едно е непобитно точно. Советската фудбалска школа е една од првите и најдобро структуираните низ децениите на полупрофесионазација и целосната професионалност.

Рускиот стил долги години имаше значаен репсект низ целиот континент, а украинската хегемонија на Динамо Киев на Валериј Лобановски е една од најдобро администрирани низ историјата. Два клубски џина го одржуваа советскиот фудбал со децении и децении. Руската спорадична школа претставена преку Спартак Москва и украинската долга и скоро па непрекината до денес на Динамо Киев. И симпатиите не доаѓаат од времето на првиот европски првак за репрезентации, кој благодарение на Виктор Понедељник стигна во Москва во 1960 година или пак од првото олимписко злато четири години претходно во Монтреал. Уште три пати Советскиот сојуз играше финале на континентален собир и секогаш беше поразен. Во 1964 од Шпанија, во 1972 од Западна Германија и во 1988 година од Холандија. Во два од трите порази играа против домашната селекција и немаа сили да го зададат завршниот удар. Генерацијата на Баришевски и Оришенко под водство на Александар Пономарев не можеше ништо да стори во бриселското финале на 18 мај 1972 година, кога наспроти себе ја имаше германската машина. Два пати Герд Милер и еднаш Херберт Вимер ја испишаа најубедливата победа во финалните мечеви на европските првенства се до финалето во Киев меѓу Шпанија и Италија минатото лето. 

Русите започнаа да натурализираат фудбалери!

Претседателот на Руската фудбалска федерација и министер за спорт, Виталиј Мутко пред три години изјави дека сојузот во договор со селекторот ќе повика странски фудбалер да игра за Русија на ЕП во Франција.

И покрај тврдокорното противење на голем дел од јавноста, Русија во неколку колективни спортови има играчи од друга земја кои добиле пасош и право на настап.

Токму Американецот Џон Роберт Холден беше најзаслужен што Русија стана европски првак во кошарка. Во 2007 година, во финалето против домаќинот Шпанија, Холден со кош во последната секунда го реши европскиот шампион. Андреј Кириленко беше прогласен за МВП на тоа првенство, а Холден кој 9 години играше за ЦСКА стана идол на кошаркарската јавност во Русија.

Желба да добијат руско државјанство изразија напаѓачите Ари, Жоажињо Вандерсон (Краснодар) и Гиљерме (веќе натурализиран) од Локомотива Москва. Сите тројца се Бразилци.

„Се надевам дека до Европското ќе натурализираме уште некој фудбалер. Тоа е дел од концептот за подготовките, а ние имаме таква можност. Зборував со моите соработници и сите се за натурализирање на странски фудбалер“, изјавил Мутко.