ЕУРО 2020 – 10. Белгија одблиску

Белгија никогаш поталентирана, може ли првпат до европска титула?

Фудбалската репрезентација на Белгија ја претставува Белгија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Кралската Фудбалска Асоцијација на Белгија. Формирана е во 1900 година.

Репрезентацијата е под глобална јурисдикција на ФИФА, во Европа е управувана од страна на УЕФА – откако и двете федерации биле ко-основани од надзорното тело на белгиската репрезентација, Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA). Периодите на редовна белгиска застапеност на највисоко меѓународно ниво, од 1920 до 1938 година, од 1970 до 2002 година и повторно од 2014 година наваму, наизменично се менувале со претежно неуспешни квалификациски кругови. Повеќето домашни натпревари Белгија ги игра на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел.

Белгиската фудбалска репрезентација учествувала на три големи четиригодишни фудбалски натпреварувања. Се појавиле во завршната фаза на тринаесет Светски првенства и пет Европски првенства на УЕФА, а настапиле и на три олимписки фудбалски турнири, вклучувајќи го и Олимпискиот турнир во 1920 година, кој го освоиле. Други позначајни резултати се победите над четири светски шампиони – Западна Германија, Бразил, Аргентина и Франција – во периодот помеѓу 1954 и 2002 година. Белгија има долгогодишно фудбалско соперништво со своите соседи Холандија и Франција, играјќи против двата тима речиси секоја година од 1905 до 1967 година. Прекарот на репрезентацијата е познат како црвените ѓаволи и така се нарекуваат уште од 1906 година; нејзиниот навивачки клуб е наречен „1895“.

За време на репрезентативната играчка кариера на напаѓачот Пол Ван Химст, најомилениот белгиски фудбалер од 20 век, Белгија го освоила третото место на Евроpското првенство во 1972 година. После тоа, тие доживеаја две златни доби со многу надарени играчи. Во првиот период, кој траел од 1980-тите до раните 1990-ти, екипата завршила како второпласирана на Европското првенсртво во 1980 година и како четврта на Светското првенство во 1986 година. Во втората, под водство на Марк Вилмотс во 2010 година, Белгија стигна до четвртфиналето на Светското првенство 2014година и се најде на врвот на ранг-списокот на ФИФА за првпат во ноември 2015 година. По заминувањето на Вилмотс, белгиската репрезентација ја презеде Роберто Мартинес, со кој настапуваше до третото место на Светското првенство 2018.

Најсилната Белгија беше Белгија на Шифо!

Зрелоста на генерацијата стигна на Светското првенство во Мексико. На овие одлични фудбалери им се приклучи еден генијалец. Винченцо Шифо беше сензацијата на тоа првенство и човек кој го одбележа белгискиот фудбал повеќе од една деценија. На тоа првенство во 1986 година многу натпревари го заслужија епитетот антологиски. По тешката групна фаза и третото место во група со Мексико и Парагвај, низ иглени уши Белгијците влетаа во осминафиналето. Таму го одиграа првиот историски натпревар и го совладаа Советскиот Сојуз со 3-4 по продолженија. Игор Беланов постигна хет-трик за Советите, а Шифо, Кулеманс, Демол и Класен го свртеа резултатот во Леон и обезбедија големо четвртфинале. Таму „ѓаволите“ ги чекаше моќната Шпанија, предводена од „Кинта де Бутре“. Во тактички дуел Белгија долго водеше со голот на Кулеманс, но Сењор израмни на пет минути до крајот. Откако 1-1 гласеше резултатот и по продолженијата, пенал рулетот го даде полуфиналистот. Фаф го одбрани ударот на Елои и донесе прво полуфинале на Светско првенство за Белгија. Во дуелот со огромен влог, уморната Белгија капитулира пред моќниот Марадона, автор на два гола (еден генијален) и мораше да се задоволи со натпревар за третото место. И дуелот со Франција за бронзата беше вистинска фудбалска убавица. „Петлите“ славеа со 4-2 по продолжение, а Кулеманс и Класен пак беа стрелци за Белгијците. Ги Тајс лансираше многу добри фудбалери на генерацијата која беше европски вицешампион пред шест годино. Веркаутерен беше незаменлив, се појави одличниот дефанзивец Грун, Де Волф и Класен.

Азар е најдобар во белгиската историја 

Играчот за врска на Реал Мадрид, Еден Азар, од навивачите е прогласен за најдобар фудбалер во историјата на белгиската репрезентација, соопшти прес-службата на тамошната фудбалска асоцијација.

Гласањето се одвиваше меѓу навивачите во период од 16 декември до 10 јануари.

Азар освои 10,6 проценти од гласовите.

Второто место го зазеде дефанзивецот Винсент Компани (9,4), додека трет беше играчот за врска Кевин де Брујн (9,1%).

Триесетгодишниот Азар досега има одиграно 106 натпревари за белгискиот националниот тим, на кои постигна 32 погодоци.