Жоао Кансело: Еден ден ќе се вратам во Бенфика
Десниот бек на Барселона, Жоао Кансело, кој како позајмен од
Манчестер Сити до крајот на сезоната настапува за шпанскиот клуб, следната сезона би можел да се пресели во Бенфика.
„Не е исклучено да се вратам во Португалија. Јас навистина сакам да играм за Бенфика, но сакам да поминам уште две или три години во Барселона“, изјави Кансело.
Претходно беше објавено дека агентот на Кансело има намера да преговара со раководството на Сити за продажба на дефанзивецот во каталонскиот клуб. Според Мундо Депортиво, претставникот на Португалецот ќе се обиде да преговара за сума од 20 милиони евра.