Жоао Феликс е замената во ПСЖ за Мбапе

Жоао Феликс сериозно размислува да ја промени средината, пренесуваат шпанските медиуми.

Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона. Најсилен интерес за него покажуваат ПСЖ и Ливерпул. „Светците“ во него гледаат идеален наследник на Мбапе, кој е на излезна врата.

„Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а ПСЖ е спремен да ја плати таа сума.