Зеленортските острови со трето реми обезбедија место во историјата

Зеленортските Острови во својот деби настап на Светските првенства ја минаа и групната фаза откако одиграа 0-0 против Саудиска Арабија, Шпанија со 1-0 го совлада Уругвај.

Без победа, со три нерешени натпревари, Зеленортските Острови го освоија второто место во групата и се пласираа во следната фаза на Светското првенство.

Ноќеска немаше голови на мечот против Саудиска Арабија, резултат кој на крајот се покажа како вистински за нив.

Шпанија со гол на Баена во 42. минута го победи Уругвај кој со само два бода го освои второто место, но тоа е премалку за да оди понатаму како една од осумте најдобро третопласирани селекции.