Зидан би му ја доделил Златната топка на Бензема

Легендарниот француски фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го сподели својот фаворит за добивање на наградата  Златна топка.

“Карим Бензема заслужува да ја добие Златната топка. Тој е неверојатен фудбалер. Ја имав честа да го тренирам. Знае апсолутно се на теренот. Карим игра на врвно ниво. Се надевам дека ќе биде награден. Посакувам тој да ја добие Златната топка “, вели славниот Зидан за францускиот Телефут.

33-годишниот Французин во тековната сезона има одиграно 8 натпревари за Реал, на кои постигна 9 гола и забележа 7 асистенции, а пред неколку дена со Франција ја освои и Лигата на нации.

Церемонијата за доделување на Златната топка која ја организира Франс фудбал,ќе се одржи на 29 ноември во Париз.