Иван Перишиќ се договори со Тотенхем

Офанзивниот фудбалер на милански Интер , Иван Перишиќ наскоро ќе потпише договор со Тотенхем.

Според објавите во некои од англиските медиуми, хрватскиот репрезентативец договорил двегодишен договор со клубот од Лондон чиј тренер е Антонио Конте.

33-годишниот фудбалер имал понуди и од Јувентус и Челзи, меѓутоа како победник во трката за негов потпис најверојатно ќе излезе Тотенхем. Големи заслуги за договорот иако не е финализиран има тренерот Конте кој имаше одлична соработка со Перишиќ во Интер.

Договорот на Хрватот со Интер истекува на крајот од јуни и во Лондон би се преселил како слободен играч.