Играч во американската МЛС лига постигна гол како Ибрахимовиќ (Видео)

Колумбиецот Дејрон Асприља кој настапува за екипата на Портланд Тимберс во МЛС првенството на САД, на натпреварот против Сан Хозе постигна гол за кој може да се каже дека е копија на легендарниот гол кој го постигна Златан Ибрахимовиќ на средбата против Англија во 2012 година.

Ударот со “ножички“ на Асприља стана вистински хит на социјалните мрежи а играчот веќе се стекна со огромна популарност.