Интер продаде два клучни играчи, но и натаму има големи проблеми

Интер во наредните три години мора да врати 340 милиони евра долгови, иако ова лето од продажба на играчите заработи околу 175 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.

Вкупните долгови на Интер изнесуваат околу 700 милиони евра и сопствениците немаат многу време за да вратат минимално половина од тој износ.

Имено, компанијата Great Horizon, која поседува 68 отсто од акциите во клубот, позајми 275 милиони евра од американска компанија, а долгот треба да биде вратен во наредните три години, бидејќи годишната камата на тој износ е девет отсто, тоа значи дека Интер должи 340 милиони евра.

Но тоа не е се. Медиумите наведуваат дек Интер има обврски во износ од 375 милиони евра, кои треба да ги исплати до 2022. година.

Клубот поради финансиската криза ги намали платите на играчите и ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.