Калин Ивановски загуби во финалето на ИТФ турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски беше поразен во финалето на ИТФ М25 турнирот во Загреб, а со тоа не успеа да ја овои титулата на овој турнир. Ивановски во финалето беше поразен од Узбекистанецот Кумојун Султанов со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).
Во мечот кој траеше 1 час и 48 минути, Ивановски пружи силен отпор, но Султанов, кој беше седми носител на турнирот, во двата сета успеа да направи по еден клучен брејк и да ја сочува предноста до самиот крај.
И покрај поразот во финалето, Калин Ивановски може да биде задоволен од настапот во Загреб, каде што со неколку убедливи победи стигна до мечот за трофеј.
Со овие освоени бодови, македонскиот тенисер сигурно ќе направи напредок на АТП-листата.