Калин Ивановски ќе игра финале на турнирот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во финалето на Macedonian Open турнирот кој се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје.
Во денешното драматично полуфинале, Ивановски беше подобар од седмиот носител на турнирот, Бугаринот Јанаки Милев со 2:1 (6:4, 2:6, 7:5).
Во финалето, Ивановски ќе игра со победникот од дуелот меѓу Владислав Орлов од Украина и Стефан Поповиќ од Србија.