Капитенот на Рома го чека подолга пауза заради повредата против Торино

Лоренцо Пелегрини се здоби со тешка повреда за време на мечот со Торино.

Денес на Пелегрини му беа направени детални лекарски прегледи и од клубот потврдија дека најмалку шест недели ќе биде надвор од терените. 25-годишниот играч за врска е еден од најважните фудбалери на Рома, па ова сигурно е голем удар за Мурињо.

Пелегрини оваа сезона настапи на 13 меча на кои постигна 5 гола и запиша 2 асистенции.