Катар во 94. минута спречи швајцарска победа

Швајцарија беше голем фаворит против Катар, но не успеа да ги освои трите бода, Швајцарците примија гол пред последниот судиски свиреж. Мечот заврши 1-1.

Швајцарците беа подобар противник, имаа доминација, но не ги искористи шансите и Катар освои бод.

Резултатот рано беше отворен, во 17. минута Емболо даде гол од пенал за водство на Швајцарија од 1-0.

Во тие моменти се чинеше дека единствено прашање е со кој резултат ќе победи Швајцарија, но така не мислеа и Катарците.

Кога сите очекуваа дека мечот ќе заврши со минимална победа на Швајцарија, Коуки погоди во 94. минута за конечни 1-1.

Ова беше меч од групата Б во која се и Босна и Херцеговина и Канада. Сите четири селекции имаат по еден бод.