Кепа бара да го напушти Челзи и да брани за Наполи

Голманот на Челзи, Шпанецот Кепа Аризабалага сака да го напушти лондонскиот клуб, бидејќи е незадоволен од статусот во екипата од Стенфорд Бриџ.

27-годишниот Кепа сака да ја промени средината, бидејќи е незадоволен од својата минутажа во Челзи. Тој во лондонскиот клуб пристигна во 2018 година за 80 милиони евра и стана најскап светски голман.

Кепа минатата сезона за Челзи бранеше само на 15 натпревари во сите натпреварувања. Медиумите пренесуваат дека Наполи е заинтересиран за ангажман на шпанскиот голман, и дека италијанскиот клуб е подготвен да го откупи договорот од Челзи или да го доведе Шпанецот на позајмица.

Договорот на Аризабалага со Челзи истекува во јуни 2025 година.