Керол игра за минималец во Рединг

Пред десет години Енди Керол го сруши рекордот за најскап англиски играч кога потпиша за Ливерпул за сума од 41 милион евра.

Очекувањата во Ливерпул од него беа да го наследи Фернандо Торес, меѓутоа кариерата на Керол од тогаш тргна во надолна линија и никогаш не ја врати старата форма.

Потпиша за Вест Хем каде што настапуваше до 2019 година, а потоа бесплатно се врати во Њукасл. Денес Керол е член на Рединг во Чемпионшип.

Медиумите во Англија открија дека Керол во Рединг сега заработува 1.000 фунти неделно. За споредба во Ливерпул имаше плата од 4.9 милиони евра годишно, додека во Вест Хем околу 5.5 милиони евра. Во последните две години во Њукасл заработи 9.2 милиони евра.