Кеси ќе биде првото засилување на Конте во Тотенхем

Антонио Конте и официјално беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем, а раководството е спремно да му ги исполни сите желби на трансфер пазарот.

Една од најголемите желби на Конте е играчот за врска на Милан, Франк Кеси, на кого договорот му завршува на крајот на сезоната.

„Росонерите“ подолго време преговараат со агентот на Кеси, но двете страни се далеку од договор, а последните информации се дека Тотенхем ја искористил таквата ситуација.

Имено, „спарси“ постигнале договор со Кеси за четиригодишна соработка и годишна плата од 10 милиони евра.