Кејн откри зошто и сезонава ќе остане во Тотенхем

Англискиот фудбалер Хари Кејн изјави дека летово ќе остане во Тотенхем и дека барем засега нема да се пресели во Манчестер Сити.

Тоа го објави на социјалните мрежи, кратко време по состанокот со управата на клубот, која даде се од себе да го задржи.

Тотенхем дури одби две многу високи понуди од Манчестер Сити, од 122 и 150 милиони евра, но навивачите беа оние кои оставија посебен впечаток кај напаѓачот.

„Беше неверојатно да се види приемот на навивачите на Тотенхем во неделата и да се прочитаат пораките за поддршка што ги доживеав претходните недели. Останувам во Тотенхем ова лето и сум 100% фокусиран да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Кејн.