Клоп го посакува Луис Дијаз како јануарско засилување за Ливерпул

Ливерпул размислува да го ангажира крилото на Порто, Луис Дијаз, кој би се преселил на Енфилд во јануарскиот трансфер период.

Според англиските медиуми, тренерот Јирген Клоп е заинтересиран за купување на Дијаз откако ги прател неговите настапи против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Популарните „црвени“ се обидуваат да доведат засилувања во својот тим за да можат полесно да го преобродат периодот кога Мохамед Салах и Садио Мане ќе заминат со своите репрезентации на Африканскиот куп на нации. 

Репрезентативецот на Колумбија, Дијаз е член на Порто од 2019 година и досега има вкупно 115 настапи на кои постигна 36 гола и 15 асистенции.