КОНМЕБОЛ ќе гласа против идејата за СП на секои две години

Јужно-американската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ се изјасни против идејата за одржување на Мундијалот на секои две години.

„Светското првенство на секои две години може да го намали квалитетот на најзначајниот фудбалски настан на планетава. Светското првенство е настан што го привлекува вниманието и очекувањата на милијарди луѓе, бидејќи тоа е кулминација на четиригодишниот циклус кој има динамика и привлечност “, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

„Светското првенство на секои две години ќе го збие календарот и ќе го загрози квалитетот на другите турнири како клупски така и национални. Го поддржуваме актуелниот модел на Светското првенство“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.