Конте го презема Њукасл Јунајтед

Антонио Конте може да седне на клупата на најбогатиот клуб  на светот, Њукасл Јунајтед. Конте го напушти Интер откако го освои Скудетото, а летово се поврзуваше со неколку европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

„Дејли Мејл“ објави дека наскоро Њукасл ќе добие нови газди, откако претходно Саудиска Арабија ги реши проблемите со „БиИн“, па сега шеикот Мухамед Бин Салман ќе го купи клубот од „Сент Џејмс Парк“ и ќе вложи голема сума на пари.

Шеиците сакаат еминентно тренерско име и нема да жалат пари за да го убедат Антонио Конте да седне на клупата на Њукасл.