Куртоа: Свесен сум дека моите одбрани го спасија Реал

Тибо Куртоа, по натпреварот кој го доби неговиот тим против Интер со 1-0 во Лигата на шампионите, ја истакна својата улога во постигнувањето на позитивниот резултат.

„Остваривме одличен резултат против силен противник. Моите одбрани беа одлучувачки, но ова е она што се очекува од мене во Реал Мадрид. За време на паузата, разговаравме многу едни со други и со тренерот, а второто полувреме помина малку подобро. Можеби Интер заслужи повеќе, нивните шанси беа поопасни“, рече Белгиецот.

Во 89. минута од средбата Реал Мадрид дојде до победа со голот на Родриго на асистенција на Камавинга. Во второто коло од групата Д од Лигата на шампионите на 28 септември, Реал Мадрид ќе го пречека молдавскиот Шериф, кој сензационално го совлада Шахтјор со резултат 2-0, додека Интер ќе игра на гости кај Шахтјор Доњецк.