Леванте вторпат го смени тренерот оваа сезона

Енис Барди повторно чека нов тренер. Леванте синоќа одлучи му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Хавиер Переира.

Переира беше донесен само пред месец и половина на местото на Пако Лопез по разочарувачкиот почеток на сезоната. Тој не успеа да извојува ниту една победа во седум обиди, па во понеделникот вечерта беше одлучено да биде прекината соработката со него.

Леванте е без победа во 23 натпревари во оваа и минатата сезона, и се наоѓа на дното на табелата во Ла Лига.

Засега тренерот на вториот тим на Леванте, Алесио Лиси ќе ги преземе работите во првиот тим.