Легендарниот Пеле му ја честита „Златната топка“ на Меси

За многумина овогодинешното доделување на престижната награда „Златна топка“ која ја доделува Франс фудбал предизвика контроверзи откако наградата по седми пат ја доби Лионел Меси.

Голем дел од јавноста очекуваше дека годинава оваа награда требаше да замине во рацете на Роберт Левандовски кој доби само „утешна“ награда за најдобар стрелец.

Меѓутоа огромен дел од фудбалската публика се согласни дека Меси апсолутно заслужено беше прогласен за добитник на „Златната топка“. 

Еден од неговите верни обожаватели е и легендата на светскиот фудбал, Пеле, кој испрати честитки до Аргентинецот со изјава дека Меси ја заслужи наградата со својот извонреден талент.

Лионел Меси оваа година го надмина Пеле во вкупниот број на голови постигнати за една репрезентација од Јужна Америка со 79 погодоци.