Лео Меси донираше милиони за настраданите од земјотресот во Венецуела

Лионел Меси уште еднаш покажа дека е голем и надвор од фудбалските терени.

Капитенот на Аргентина донираше пет милиони долари за жртвите од разорниот земјотрес во Венецуела, а испрати и три авиони со медицински залихи.

Аргентинецот во исто време блеска и на Светското првенство, каде веќе постигна пет голови и се наоѓа на врвот на листата на стрелци. Со последните погодоци Меси испиша нова страница во историјата, откако стигна до 17 голови на Светските првенства и го надмина Мирослав Клосе, кој со 16 погодоци беше досегашен рекордер.