Лина Ѓорческа се пријави во квалификациите за САД опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за пласман на грен слем турнирот САД опен што ќе се одржи од 30 август до 13 септември 2026 година.
Македонската тенисерка се најде на листата учеснички за САД опен, што е последен грен слем за годинава.
Лина Ѓорческа неодамна испиша историја и за прв пат играше на грен слем турнир, откако успешно ги помина трите квалификациски кола за Вимблдон и се пласираше во првото коло на овој турнир.