Лион не му понуди нов договор, Дембеле налето заминува

Француски Олимпик Лион објави дека напаѓачот Муса Дембеле летово ќе го напушти тимот – играчот не го продолжи договорот.

„Со пристигнувањето во клубот во август 2018 година, неколку часа пред затворањето на преодниот рок од Селтик Глазгов, на Муса Дембеле не му требаше многу време да се аклиматизира во францускиот шампионат. Играчот кој потекнува од ПСЖ во првата сезона за Лион постигна 20 гола на 46 натпревари. За време на сезоната 2019/2020, тој учествуваше во херојската сезона на Лион во Лигата на шампионите. По позајмица во Атлетико Мадрид на почетокот на 2021 година, за време на која ја освои шпанската титула, Муса Дембеле продолжи да игра за Лион на своето вообичаено ниво. Во сезоната 2021/2022, тој постигна 22 гола на 36 натпревари. Посебно ќе го паметиме неговиот удар на самиот крај на мечот против Марсеј во една од февруарските вечери во 2022 година, кој ни донесе победа. На 172 натпревари за Лион, тој постигна 70 гола и даде 19 асистенции. Ти благодариме, Муса, и имај добра кариера!“ – се вели во пораката објавена од прес-службата на Лион.

На крајот од сезоната 2022/2023, Лион го зазеде седмо место во францускиот шампионат и нема да игра во европските натпреварувања. Исто така во текот на оваа сезона функцијата ја напушти и поранешниот сопственик и претседател на клубот Жан Мишел Ола.