Лукаку и Вернер поради повреда пропуштаат неколку натпревари

Напаѓачите на Челзи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер ќе пропуштат неколку натпревари за својот тим откако се повредија во победата од 4-0 над Малме во Лигата на шампионите, потврди тренерот на екипата Томас Тухел.

“Лукаку го свитка глуждот од ногата при дуелот со играчот на Малме кога беше и досуден пенал за Челзи, а Вернер се здоби со повреда на скочниот зглоб. Двајцата играчи се повредија за време на првото полувреме.

Двајцата напаѓачи ќе отсуствуваат од настапи за Челзи за некој период, но ќе требаат подетални лекарски прегледи за да добиеме попрецизни податоци“, изјави Тухел.