Македонија домаќин на Европско ракометно првенство за мажи до 18 години

Ракометната федерација на Македонија информира дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028.
-Одлуката беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни 2026 година, а со тоа Македонија ја доби довербата да биде домаќин на едно од најзначајните младински ракометни натпреварувања во Европа. Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска подготвеност и посветеност кон развојот на ракометот, информираат од РФМ.
Доделувањето на организацијата на ЕХФ ЕУРО 2028 претставува уште едно значајно признание за македонскиот ракомет и потврда за континуираната работа на Ракометната федерација на Македонија во развојот и промоцијата на спортот на меѓународно ниво.